Во текот на вчерашниот ден во 13 часот и 30 минути на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 52-годишниот Г.С. од Скопје, затоа што физички го нападнал 68-годишниот П.М. од Скопје и затоа што се однесувал агресивно кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот МВР ќе поднесе соодветен поднесок.