Вчера утрото полицајци од ополициската станица во Прилеп го лишиле од слобода прилепчанецот Г.Д.(42). При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм.
„По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок“, информира МВР.