Роден е на 22 јули 2013 година во болницата Сент Мери во центарот на Лондон.

Во согласност со традицијата, по повод роденденот на малиот принц, родителите принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија нова фотографија од него, која, како и секоја година, ја направи војвотката од Кембриџ.

Малиот Џорџ на фотографијата седи на теренското возило на неговиот прадедо Филип, кој почина во април годинава. Вака беше почастен покојниот војвода од Единбург на симболичен и трогателен начин.

– Војводата и војвотката од Кембриџ се многу задоволни што можат да споделат нова фотографија на принцот Џорџ во пресрет на неговиот осми роденден, се наведува во соопштението на палатата Кенгсингтон.

Палатата Кенсингтон соопшти дека Кејт ја направила фотографијата во јули во Норфолк, нивната семејна резиденција надвор од Лондон.