По интервјуто на Меган и Хари кај Опра Винфри, тој често дава изјави во медиумите со кои има негативни коментари за кралското семејство, а тоа им дава материјал на критичарите.

Водителот повторно ги коментираше случувањата во кралското семејство, посебно Меган и Хари.

Тој ги нарече Меган и Хари „разгалени дечишта што го злоупотребуваат своето семејство“.

Инаку, водителот истакна дека не верува на обвинувањата на Меган и Хари од расизам во кралското семејство до тајната венчавка.

Исто така по интервјуто ја спореди Меган со Пинокио и истакна дека треба да се срами што толку лаже.