Премиерот Мицкоски ја раскажа македонската вистина за двојните стандарди за ЕУ. Со третата последователна посета на САД Мицкоски докажа дека Македонија гради цврст однос кон САД.

Вчерашниот настап на најголемиот десничарски настан во светот само ја докажа работата на ВМРО-ДПМНЕ и Владата во претходните месеци. Вчерашниот настап може да се опише и како историски бидејќи иту еден премиер од Македонија досега не бил говорник на ваков настан. Говорот на Мицкоски привлече вниамание кај американските конзервативци, но и кај лидерите од Западна Европа.

Говорот на Мицкоски во целост може да го погледнете во продолжение:

За отстапките кои земјава ги направи на патот кон НАТО и за двојните аршини на ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски говореше на конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Вашингтон. Уставните измени како обврска на земјава да стане дел од Европската Унија, но и претходните пречки, како промената на името, на знамето, валутата, се само, како што вели премиерот Мицкоски, вратата на ЕУ сè уште да остане затворена за нас.

„Го сменивме знамето, Уставот и името – ако тоа не е мешање во внатрешна политика, што е?“ – Мицкоски за геополитичките притисоци на конференција на конзервативците во САД

„Станавме членка на НАТО, но пред тоа го сменивме нашето знаме, ја сменивме нашата валута, го сменивме нашиот Устав и го сменивме нашето име, затоа што некои наши соседи кои станаа членки на НАТО пред нас го користеа или злоупотребуваа правото на вето за да решат билатерални прашања. Ако ова не е мешање во домашни прашања, тогаш што е? За што зборуваме? Ако зборуваме за двојни стандарди што влијаат на животот на луѓето, тоа не е добро. Треба да бидеме искрени и да зборуваме директно и искрено. Ако ги игнорираме настаните како овие од минатото и кои сè уште се случуваат, на пример, сега не можеме да станеме членка на ЕУ, затоа што сега имаме дополнителна пречка да го смениме нашиот Устав повторно. Ако Уставот не е внатрешно прашање на суверена земја, тогаш се прашувам што е? Од нас се бара да го смениме нашиот Устав повторно. Дали е тоа фер? И кога критикуваме, кога некој го критикува говорот, кој, според моето скромно мислење, беше многу инспиративен, треба да се погледнат себеси и да видат што прават. Ова не е фер. Не е фер за мала земја која сака да стане дел од ЕУ. Вредностите на ЕУ се сè но не и билатерализација на процесот на пристапување кон ЕУ“, изјави Мицкоски.

Шефот на македонската влада со целосна поддршка за политиката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Говорот на неговиот заменик на безбедносната конференција во Минхен, Мицкоски го нарече инспиративен, свесен, како што вели, дека со оваа изјава може да навлече лутина кај некои европски политичари.

„За мене тоа беше историски настан. И според моето скромно мислење – не велам дека сум во право – можеби некои европски политичари ќе се налутат, но тоа беше многу инспиративен говор. Не бев во првиот ред, бев во вториот ред. Она што е важно е што по говорот некои од публиката го критикуваа, велејќи дека тоа било мешање во домашните прашања на суверени земји, бидејќи потпретседателот Венс даде многу примери што не се добри и не се усогласени со слободата на говор, со демократските вредности, или најмалку со заедничките вредности. Повторно ќе кажам, мислам дека тој беше во право“, рече Мицкоски.

За тоа како Македонија може да им помогне на САД да бидат доминантен трговец со енергенски, премиерот Мицкоски информираше дека е во тек градбата на јужниот интеконтектор со Грција, а ќе се започне и со северниот со Србија. Тој ја посочи важноста на Коридорот 10 и особено на Коридорот 8, кој е втор по важност за НАТО, велејќи дека доколку поголем број американски компании од САД дојдат да инвестираат Македонија, тие би биле голема конкуренција на кинеските кои работат во регионот. Македонскиот премиер не одмина да го спомене Охридското Езеро како најстарото на европскиот континент и Универзитетот на Светите Кирил и Методиј како постар од Оксфорд, но и македонската дијаспора која живее и работи во САД.