Последниот случај на присилно иселување заради наплата на долгови повторно започна полемика во Србија за начинот на работа на јавните извршители, како и за законските прописи.
Законот за извршување и осигурување, имено, не го признава правото на дом, па често се случува поради одземање на имот поради долг, луѓето да станат бездомници, дури и во случаи кога има друг имот што би можел да биде предмет на извршување.
Таков е случајот со 82-годишниот Љубиша Ќириќ од Белград, пренесува Aljazeera Balkans.