Тешка сообраќајна несреќа се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде автобус на градската линија број 12 прегази 81-годишна жена и ѝ нанесе тешки телесни повреди.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 28 април во 18:10 часот.
„Автобус марка ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од 61-годишниот Б.А. од скопското село Грчец, удрил во 81-годишната Р.С. од Скопје“, стои во полицискиот билтен.
Повредената жена веднаш била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и ѝ била укажана лекарска помош.
На местото на настанот излегла увидна екипа на СВР Скопје која извршила увид за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата.
