Дваесет и петгодишен дилер на дрога денеска е приведен во Битола. При претрес во изнајмениот стан што го користел пронајдена е марихуана и дигитална вага.
– На 16.07.2022 во Битола, по претходно добиени оперативни сознанија, од страна на полициски службеници од Полициска станица Битола во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола лишен е од слобода З. С.(25) од Битола. При извршен претрес во изнајмен апартман во Битола, кој пријавениот неколку месеци наназад го користел за обработка, пакување и продажба на дрога на наркозависници од Битола, пронајдена е марихуана и дигитална вага, информираше попладнево МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.