Полициски службеници од СВР Скопје, вчера, во 21:40 часот на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, го лишиле од слобода Ф.М.(31) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека околу 21:15 часот во аптека на бул.„Борис Трајковски“, со употреба на сила кон вработената, се обидел да одземе пари од дневниот промет. Ф.М. бил приведен во полициска станица и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.