Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, подоцна, врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени електронска вага и две дробилки со остатоци од марихуана и таблети со кафеава боја.
Од МВР дополнуваат дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.