-Вчера попладне околу 18:30 часот, во Одделение за внатрешни работи Дебар е приведен Б.М.(60) од Дебар, кој претходно, од патрола составена од полициски службеници, во содејство со Противпожарна единица и припадници на шумската полиција од Дебар, бил затекнат кај опожарена нива во атарот на дебарското село Бомово, рече Димоски.

Додава дека патролата веднаш пристапила кон гаснење на пожарот, со кој биле зафатени дабови и багремови дрвја, како и нискостеблеста вегетација.

-Во координација со Јавен обвинител, Б.М. е задржан во полициската станица и против него ќе биде поднесена пријава во врска со членот 227 за „предизвикување шумски пожар“ од Кривичниот законик, посочи портпаролот Димоски.