Денеска 28.05.2021 на територија на скопската населба Чаир полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога запреле патничко моторно возило „голф” со скопски регистерски таблички, управувано Е.М. (32) од Скопје, кај кого е пронајдена синтетичка дрога амфетамин. Е.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.