На 25.08.2021 на крстосница од ул.„Беласица“ со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во соработка со Одделението за внатрешни работи Свети Николе го лишиле од слобода И.С.(43) од Свети Николе.
При негова контрола и преглед во возило „форд пума“, со тетовски регистарски ознаки, кое тој го управувал, бил пронајден и одземен хероин. Во координација со Јавен обвинител, а врз основа на судска наредба, подоцна бил извршен и претрес во станот во кој престојува во Скопје, при што, исто така, бил пронајден и одземен хероин, вага со остатоци од хероин и смеса за мешање на оваа наркотична дрога.
И.С. бил приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.