На подрачјето на Аеродром утрово во 1.10 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода Х.С.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.