Полициски екипи утрово влегле на клиниката за Онкологија во Скопје. Според неофицијални информации од истражните органи, се вршат претреси во канцелариите на тројца лекари од клиниката. Постапката е по наредба на обвинителството.
– Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме, велат од ОЈО за Сител.
Очевидци на случувањата пред Онкологија велат дека во 08:30 часот полициски службеници со лисици на рацете го изнеле еден од поранешните директори на Клиниката.
Со постапката според неофицијални информации на ТВ Сител опфатени се и поранешен економски директор на клиниката како и секретарка на поранешен директор.
Како што дознава пак, Телма три лица се избегани во странство додека траела предистрагата.
Надлежните институции најавуваат повеќе детали во текот на денот.