Денеска (23.05.2023) на Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило “опел вектра” со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.М. од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300.000 денари.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Н.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.