Денеска (04.04.2022) во 13.30 часот на бул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(68) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница за доиздржување на затворска казна од 1 година и 7 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Скопје, за сторено крвично дело по член 247 од Кривичниот законик, за што бил осуден на казна од 4 години и два месеца.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.