На 03.04.2022 во 21:15 часот, во ОВР Кичево се приведени Д.Ј.(27) од кичевското село Другово, И.Ј.(28) од Кичево и Х.Б.(29) од селото Подвис.

При контрола на патничко возило „хонда“, во кое се превезувале, извршена на локален пат во Другово, кај Д.Ј. полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.