На 01.05.2023 во 19.20 часот на Железничка станица Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(28) од Скопје, кондуктер во Железници на Република Македонија.
Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик.
Претходно, околу 18:30 часот на Железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ откриле две лица мигранти од Сирија.
Во службен разговор во полициска станица тие изјавиле дека на кондуктерот му дале пари за да влезат во возот.
А.А. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.