Во текот на минатиот и овој месец А.О. со употреба на сила и алат влегол во неколку гостиварски јавни установи (болница, катастар и други) и од таму одземал оставени пари во фиоки, каси и на други места.

Дваесет и петгодишниот видушанец е приведен во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на овој случај, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик, а поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба”, стои во соопштението.