Кривичниот суд ги прифати барањата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за осомничените за лихва во вчерашната акција во Куманово. Два притвора, еден куќен притвор и за еден осомничен определени се мерки на претпазливост.

Првоосомничениот Драган Петровски – Штука ќе оди во 30-дневен притвор поради опасност од бегство, повторување на делото или довршување на кривичното дело, како и опасност од попречување на истрагата со влијание на сведоци. Во притвор ќе оди и М.К. Куќен притвор е определен за Л.К., додека за Д.Ж. Определени се мерки на претпазливост и одземање на пасошот и забрана за издавање нова патна исправа за преминување на државната граница.

-Со предлогот на Јавното обвинителство е опфатено и уште едно лице, кое во моментот е недостапно за органите на прогонот.

Против донесените решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, велат од Кривичен.