Во Куманово синоќа во 23:50 часот на ул.„11 Октомври“ полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.И.(33) од село Слупчане, општина Липково.

Тој се сомничи дека претходно, на плоштадот „Нова Југославија“, со употреба на сила и подесен алат одзел мотоцикл, информираа од МВР.

Одземениот мотоцикл бил пронајден кај него, а В.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.