Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода двајца возачи. Приведувањето е извршено поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, еден управувал возило без положен возачки испит, станува збор за Р.М. (28) од село Долно Којнаре, кумановско. Додека, пак, под дејство на алкохол патничко моторно возило управувал З.Д. (59) од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на двата одделни случаи, надлежните органи ќе поднесат соодветни кривични пријави против прекршителите.
