Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, денеска на улица „Михаил и Ефтихиј”, го лишиле од слобода Ф.П. (29) од Скопје.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната.