На 31.07.2023 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Куманово.

Тој се сомничи дека истиот ден влегол во куќа на улицата „Трст“ во Куманово и одзел разни предмети.

А.Р. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.