Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи (ЕВР) Кисела Вода попладнево во 15:15 часот на кеј „13-ти Ноември“ во Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишиле од слобода Е.С. (36) од скопското село Танушевци, за издржување затворска казна од три години.
Е.С. бил баран со потерница, а се товари за сторени кривични дела по член 297 и член 300 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.