Приведениот А.Ш., како што соопшти МВР, е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
Приведен криминалец од гостиварско баран со потерница
П
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар попладнево, со судска наредба, го привеле А. Ш. (48) од гостиварско Калиште, осуден на затворска казна за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.