Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 11 часот на ул.„Мајка Тереза” во Скопје, го лишиле од слобода А.А.(40) од Скопје, кој бил баран по три централни потерници од Основен кривичен суд Скопје за издржување вкупна затворска казна од осум години и шест месеци за сторени кривични дела по член 378, член 206 и член 236 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.