На 16.05.2022 околу 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „10“ во с.Инџиково, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(62) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ј.(49) од с.Инџиково, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ј., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.