Полицијата денес лишила од слобода млад скопјанец на граничниот премин Богородица, откако преходно кај него биле пронајдени мигранти.
– Денеска (25.10.2023) околу 13 часот полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Е.Р. (21) од Скопје поради сторено кривично дело криумчарење на мигранти. Возило „ауди“, управувано од Е.Р. било запрено во близина на Смоквица, при што во возилото се затекнати пет лица мигранти од Сирија. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава против Е.Р., велат од МВР.