На автопатот „Пријателство“, од Граничен премин „Табановце“ кон Куманово, синоќа во 21:40 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го лишиле од слобода О.Б.(29) од неготинското село Црвени Брегови.
Тој бил затекнат додека во возилото „алфа ромео“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, се качуваат шест лица мигранти од Индија.
Како што информираа од МВР; возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во транзитен центар. О.Б. бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.