Во координирана акција на полициски службеници од ПС Гевгелија и граничната полиција, денеска, околу 13.30 часот, на патниот правец с. Прдејци-с.Смоквица приведен е П.Г. (48) од с. Богданци поради криумчарење мигранти.

Како што соопшти МВР, при контрола на возилото „форд фокус“ со гевгелиски регистерски таблички кое што го управувал приведениот, утврдено е дека превезувал пет лица-мигранти од Куба.

По целосно документирање на случајот, против П.Г. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.