Полицијата од СВР Куманово утрово го лиши од слобода Н.Д. од Куманово за поседување дрога.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени шест пакувања со кокаин, две пакувања со марихуана и околу 50.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека лицето е приведено во СВР Куманово, за случајот е известено Основното јавно обвинителство Куманово и по негово целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.