Како што информираа од МВР, тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело.
За настанот бил известен Јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.