На 04.02.2023 во 12:16 часот, полициски службеници од Полициската станица Демир Хисар го привеле Н.Г.(45) од демирхисарско село затоа што претходно со остар предмет оштетил дел од куќата на неговито татко во селото, по што се обидел да предизвика пожар.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.