Извршени се вкупно 45 претреси на повеќе локации во Лисабон и Брага, а „уапсени се четири лица, меѓу кои двајца бизнисмени, спортски менаџер и претседателот на клуб“, соопшти Обвинителството, без да го именува челникот на Бенфика.
Обвинителството посочи дека истражува „факти што се случиле од 2014 година до денес, а се однесуваат на повеќе кривични дела за измама, фалсификување, перење пари и затајување данок“.
Луис Фелипе Виеира (72) е на чело на чело на Бенфика од 2003 година.