За да се изгради овој замок, потребни беа 4,8 тони песок, а тим од 30 скулптори кои работеа на деталите, објави „ВВС“.

Посетителите можат да дојдат во овој град да го видат замокот, а тој ќе биде таму до зимата.

Замокот оваа година содржи и фигура на вирусот ковид-19, која симболично е поставена на врвот на пирамидата.

Скулптурата, која беше поставена како дел од фестивалот на песочни замоци во Блокус, собори нов светски рекорд, пренесуваат локалните медиуми.

Тимот мајстори кои учествуваа во изградбата на замокот беше предводен од холандскиот дизајнер Вилфред Штигер, кој истакна дека е за 3,5 метри повисок од претходниот замок.