Пријавениот, соопштија од МВР, на 16 август 2021 во 3.50 часот во куќата на С.Р.(55) во село Дебреште од неговата снаа со закана одзел златен накит и пари.
Од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор.
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода В.А.(34) од село Дебреште, општина Долнени и против него до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик.