Станува збор за сендвичара „Вили”, што се наоѓа во непосредна близина на поранешниот Градски полигон за мали спортови.

Екипи на Територијалната противпожарна единица интервенираат на лице место, но објектот е целосно уништен од интензивниот пламен.

Среќна околност во целата ситуација е што во непосредна близина на изгорената пластична барака нема други објекти па така е избегната поголема штета.