Полициски службеници на СВР Тетово вчера попладне на улица „Илинденска“ во Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот тетовец Б.А. поради сомнение дека кон крајот на минатата и оваа година извршил две тешки кражби и едно разбојништво во пекарници во Тетово.

Како што соопшти МВР, Б.А. бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.