Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден при спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата изречени се 143 санкции за брзо возење.

Како што посочуваат од МВР, од вкупниот број на изречени санкции, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.