Полицијата вчера во 16.15 часот на ул. „Брсјачка буна“ во Скопје, го лишила од слобода А.Ѓ. (21) од Скопје, кој се сомничи дека на 7-ми овој месец со употреба на сила извршил разбојништво над малолетник од Скопје, при што одзел мобилен телефон, кој го продал на трето лице.

Како што информира МВР, во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а телефонот бил пронадејн и вратен на сопственикот.

А.Ѓ. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.