Полицијата денеска го приведе З.С.(49) од Скопје поради основано сомнение дека денеска околу 17 часот со закана со остар предмет одзел пари од вработена во финансиско друштво во Скопје.

По добиената најава, Министерството за внатрешни работи информира дека се преземени соодветни мерки и еден час подоцна З.С. е привден на улица „Кеј 13 Ноември“ во Скопје, а кај него се пронајдени пари.

По документирање на случајот, МВР информира дека ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.