Од МВР соопштија дека денеска од 12 до 15 часот полициски службеници од СВР Тетово при спроведена акција за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, санкционирале 11 возачи во Тетово и седум во Гостивар.

-Во сите случаи станувало збор за непропуштање на пешаци на пешачки премини, по што на возачите изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и 22 други видови сообраќајни прекршоци, се наведува во полициското соопштение.