Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје вчера во 10.40 часот на бул.„Србија” во Скопје го лишиле од слобода И.Х.(35) од Скопје.

МВР соопшти дека тој бил баран по Централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна.

Бил предаден во казнено-поправна установа за издржување на казната.