На 03.02.2022 на ул.„Речиште“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Љ.(28) од Скопје. За него била распишана потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235-а од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје за издржување на казната.