Полициски службеници од СВР Скопје вчера по 20 часот на подрачјето на Гази Баба, го лишиле од слобода скопјанецот Л.М. (27), соопшти МВР.
– При претрес во неговиот дом, извршен со претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и 31 куршум. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.