Тетовската полиција вчера уапсила 21 годишен маж поради семејно насилство.

-Околу 15 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот тетовец Р.С. кој физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе се соочи со поднесок.