Полициски службеници вчера привеле скопјанец поради тоа што со тврд предмет оштетил полициско возило и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 21:40 часот пред угостителски објект на подрачје на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.С.(30) од Скопје затоа што со тврд предмет оштетил полициско возило и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.