Во 09:50 часот, денеска на подрачјето на Бит пазар од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода С.Н.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Имено пријавениот кривичното дело го сторил на 31.07.2021 на ул.“Прохор Пчински“ при што од патничко моторно возило “форд куга“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Ц. од Скопје одзел електричен тротинет и детска количка, вредни околу 70.000 денари, посочуваат од МВР.

По целосното документирање на случајот ќе следи кривична пријава по чл.236 од КЗ на РСМ.